Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, кој особено ќе биде изразен долж Повардарието каде на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час. Во источните делови ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде стабилно и суво, а во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.