Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температурата ќе се движи од 20 до 32 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температурата ќе доситгне до 28 степени.

Од сабота се очекува стабилизација на времето и затоплување, освен во недела попладне, кога исто така ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.