Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје слично време, со дневна температура до 17 степени.

Во наредите три дена времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и можна појава на грмежи со засилен ветер.