Сончево време, попладне ветер и град

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно и на повеќе места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни, со засилен ветар и изолирана појава на град.

Температурата ќе се движи од 20 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно и на повеќе места ќе има пороен дожд со грмежи. Температурата ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време, но во попладнињата ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.