Сончево време со мала до умерена облачност

Денеска не очекува претежно ведро време  со малку зголемена облачност на крајниот исток и со слаб северен ветер на повисоките места на североисток.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 13 степени.

Во текот на наредната недела, до среда ќе се задржи променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Од среда ќе почне да дува повремено умерен северен ветер и ќе преовладува умерено облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени услови за слаби врнежи од дожд во јужните делови од земјата. Овој северен ветер ќе донесе најпрвин спуштање на дневните температури во среда, но и на утринските од четврток. Потоа температурите повторно благо ќе растат.