Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во претпладневните часови по котлините и речните долини се очекува да има магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје слично време со температура до 13 степени.

За следните денови Управата за хидрометеролошки работи најавува суво време со максимални температури во интервал од 11 до 17 степени.