Сончево време со силен ветер, температура до 18 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен на моменти засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина и до 100 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, на моменти засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.