Сончево време со слаб до умерен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Стабилно претежно сончево и релативно топло време ќе се задржи до сабота кое ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. В недела облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд, на повисоките места во западните делови од дожд и снег, а на планините врнежите ќе бидат само од снег. Се очекуваат пообилни врнежи особено во западните и јужните делови на земјава.