Сончево време со температура до 15 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус пет до три степени, а дневните од осум до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.