Сончево време со температура до 23 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло, со мала локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До недела следува период на претежно стабилно и потопло време. Во петок према сабота облачноста ќе се зголеми и во сабота ќе има слаб локален дожд.