Сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и  малку потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 18 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

За време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура утре ќе биде релативно ниска за овој период од годината, а дневната ќе бележи тенденција на пораст и ќе се движи од 22 до 28 степени.

Од понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.