Македонија

Сончево време со температура до 26 степени

Сончево време со температура до 26 степени

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен и западен правец.

Температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со температура до 24 степени.

Во петок и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, која во сабота ќе биде поизразена кон крајот на денот со повремен локален дожд и можна појава на грмежи.

Ќе дува ветер претежно од западен правец.

Во недела променливо облачно и посвежо попладне, а во вечерните часови со повремен локален дожд.