Сончево време со температура до 27 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 20 до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Во сабота кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и појава на грмежи.