Сончево време со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер, а долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од шест до 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а преку денот температурата постепено ќе биде во покачување.

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе има услови за појава на магла во котлините и по речните долини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.