Сончево време за викендот, од понеделник повеќе облаци и ветер

За време на викендот ќе преовладува сончево време, додека од понеделник ќе има зголемување на облачноста, најавуваат метеоролозите.

Утре ќе биде претежно сончево време во текот на денот со температура од два степени во Скопје до 13 степени во Гевгелија.

Во недела ќе преовладува слично време со температура од три до 12 степени.

Од понеделник не’ очекува зголемување на облачност, а од вторник ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопската котлина до вторник, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, до вторник ќе се задржи магливо и студено време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.