Соња Ганди си заминува од премиерската функција

По одржаните маратонски избори за нов парламентарен состав, актуелната владејачка политичка партија во Индија, предводена од Соња Ганди, по децениско владеење, оди во опозиција.

Националната хундистичка партија “Баратија џаната” (Индиската народна партија) , освои апсолутно мнозинство, што значи дека нејзиниот лидер, Нарендра Моди, е новиот премиер.

Индиската народна партија освои 325 мандати, а за освојување на апсолутното мнозинство на Долниот Дом на индискиот Парламент се потребни 272 пратенички места.Индиската народна партија, сама без коалицијата освои 273 пратенички места, што е најголемата победа во Индија во изминатите 30 година.

Партијата на Соња Ганди, освои само 67 мандати, што претставува најлош политички резултат, во историјата од кога на чело на партијата е член на династијата Ганди.

Излезеноста на изборите се смета за една од највисоките, бидејќи од 814 милиони гласачи, своето право да избираат го искористиле 66,38 отсто.