Соња и Јохан Тарчуловски очекуваат трето дете

Македонската  фолк-пејачка Соња Тарчуловска повторно e во блажена состојба, поточно – третпат ќе стане мајка.

„Кога ќерка ми Мелани ми кажа дека, покрај братче, посакува да има и сестричка, јас бев пресреќна што можев да ја израдувам дека мама навистина ќе и ја исполни желбата. Но дали ќе биде токму девојче, се уште не знам“, изјавила Соња за Убавина и здравје.