СОНК: Да се стопираат законските измени за основно и средно образование

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), соопшти дека останува на барањето да се стопира постапката за донесување на законските измени во основното и средното образование, кои се однесуваат на штрајкот.
„СОНК и овој пат укажува  на грубото кршење на Уставот, Законот за работни односи и на меѓународните конвенции, а, свесно или не, министерот манипулира со тврдењето дека со измените не се крши правото на штрајк“, се вели во соопштението од СОНК.
Од синдикатот најавија дека ако продолжи процедурата за законските измени, кои по скратена постапка веќе се во Собрание, ќе прекинат какви било преговори со Министерството за образование.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.