СОНК го прекина штрајкот, од утре сите ученици на редовна настава

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања, информираат вечерва од МОН.

Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила.  Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог.

Наставата од утре ќе продолжи нормално да се реализира во сите училишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.