СОНК од Охрид не го поддржува штрајкот, бара преговори

Регионалниот одбор на СОНК од Охрид денеска соопшти дека според сознанијата добиени од претседателите на синдикалните организации во регионот во инситуциите што ги покрива СОНК од Охрид не се формира штрајкувачки одбор што значи дека членството во Охрид не дава поддршка на штрајкот закажан од раководството на СОНК за 20 јануари пренесува МИА.

– Како и минатиот пат така и сега се потврди ставот на членството во нашиот регион дека не дава поддршка на штрајкот. Нашиот регион се уште стои на ставот на членството дека решение за сите прашања треба и може да се бара по пат на преговори, изјави претседателот на Регионалниот одбор на СОНК од Охрид Аце Речкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.