СОНК против Соросовиот наставнички пленум

Во врска со денешниот протест пред МОН, во организација на Наставничкиот Пленум, СОНК и по овој повод укажува на потребата од деполитизирање на образованието во смисла на тргање на рацете на сите политички партии од него, се вели во соопштението на Синдикатот.

-Тоа значи дека сите кои што се вклучени во образованието, а најмногу учениците, студентите и наставниците треба да се спротиставуваат на секој обид за нивно користење во дневно политички потреби на политичките партии. На споменатиот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната Спогоба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно политички поени и остануваме цврсто на ставот дека Спогодбата во целост ќе биде применета. Спогодбата е резултат на сложени и сериозни преговори помеѓу СОНК и МОН, а врз основа на барања прифатени од страна на најголемиот дел од огромното членство на СОНК, велат од СОНК.

Тие изразуваат цврста одлучност дека сите обиди за разбивање на СОНК, од страна на која било политичка партија, нема да успее.