СОНК со ново барање до ресорните министерства

Советот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на синоќешната седница донел одлука да се достави уште едно барање до ресорните министерства за продолжување на преговорите, а доколку тоа не се случи до утре, да се усвојат нови мерки во врска со генералниот штрајк.

Во соопштението од Советот на СОНК се наведува дека на седницата е потврдена непоколебливоста во опстојувањето на генералниот штрајк, се додека не се дојде до взаемно прифатливи решенија по барањата.

Членовите на Советот, како што се посочува, го пренеле ставот на членството кои штрајкуваат, дека се подготвени да продолжат со штрајкот, без разлика колку тој ќе трае се додека Владата не понуди решенија кои ќе бидат прифатливи.

– На седницата, од страна на повеќе претседатели на регионални одбори на СОНК, беа изнесени повеќе примери на синдикални организации кои последните денови се приклучуваат во штрајкот, како и поголем број зачленувања во нашиот Синдикат на вработени кои досега не биле членови на СОНК, се вели во соопштението