СОНК со притисок врз наставниците да штрајкуваат

И покрај тоа што штрајкот во образованието доживеа вистински дебакл, врз наставниците и понатаму се врши невиден притисок да штрајкуваат. Ова само по себе го покажува демократскиот капацитет на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, како и желбата по секоја цена да ја задржи позицијата.

Заканите биле особено изразени во општините Струмица и Куманово, каде единствено штрајкот се одвива и каде локалната власт е во рацете на СДСМ. Во овие општини во директните закани се вклучени и градоначалниците кои преку општиниските служби вршат притисоци врз наставниците да не одржуваат настава. Истовремено непомалку ангажирани во тие притисоци се и СОНК, кои се заканувале дека оние кои нема да штрајкуваат ќе бидат исклучени од организацијата и дека никогаш нема да се реагира во нивна заштита.

Меѓутоа, покрај силните притисоци, како од СОНК, така и од СДСМ, во најголемиот дел од училиштата и градинките во земјава, штрајк нема.

Во Охрид, во 13 училишта има 734 вработени, а штрајкуваа само двајца наставници.

Во Прилеп, во 16 училишта има 1002 вработени, и ниту еден не штрајкуваше.

Во Штип има 11 училишта со 762 вработени, од кои седуммина почнале со штрајк, но за кусо време се откажале.

Во Битола во 19 училишта има 1.397 вработени, од кои околу 50 штрајкуваа .

Во Кавадарци во 10 училишта, во кои има 591 вработени, не штрајкуваше ниту еден.

Во Валандово, каде има три училишта со 276 вработени, штрајкува само едно лице.

Штрајк воопшто нема во општините, Кривогаштани, Крива Паланка, Желино, Дојран, Демир Хисар, Крушево, Липково, Пласница, Врапчиште, Берово, Пробиштип, Босилово, Василево, Новаци, Демир Капија, Сопиште и Дебар.

Во речиси сите општини наставата се одвива редовно.

Според информациите од теренот, штрајкот на наставниците се одржува само во Куманово и Струмица, каде што најголем дел од штрајкувачите се присутни на работното место но не држат часови.

Според законот доколку ваквата ситуација се одржи, за да се овозмози редовна настава и заштита на интересот на учениците, можат да се воведат заменски наставници.

Ваквиот развој на настаните и пропаѓањето на најавуваниот штрајк е фијаско за Јаким Неделков. На овој начин дополнително се нарушува неговиот кредибилитет во СОНК бидејки неговиот пристап не даде резултати. Членови на СОНК од цела Македонија изминативе денови истакнаа дека не го подржуваат штрајкот и дека тоа е лична агенда на Неделков во пресрет на изборите во СОНК од која немаат интерес наставниците ни учениците и родителите.