СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството, тргна да ги манипулира децата

Во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков, тргна да ги манипулира и децата во остварувањето на своите цели, пишува Курир.

Неделков во изјава за опозициските медиуми вели дека децата не требало да доаѓаат на настава во понеделник, бидејќи ќе имало штрајк. Ваквиот срамен потег на СОНК доаѓа откако Синдикатот не добива подршка од никаде за најавениот протест во понеделник. Неделков вели дека децата немало да одат на училиште ако има штрајк, а засега немало одлука да нема штрајк.

СОНК ја губи поддршката речиси од сите страни. Денеска пет гранкови синдикати кои се дел од Конфедерацијата на слободни синдикати, се оградија од идејата и одлуката за организирање генерален штрајк во образованието. Според нив, штрајкот е инициран од претседателот на СОНК Јаким Неделков и мала група негови приврзаници, со цел задржување на актуелните позиции преку реизбор во следната година.

– Навистина жално и трагично, сегашната младина и иднината на нашата земја да биде заложник на една однапред планирана ситуација во која најголема штета ќе биде застојот на нивниот воспитно-образовен процес, што пак, ќе предивика бројни други последици. Оние во почетните години на основното образование ќе немаат добра подлога за сите понатамошни образовни предизвици, додека пак, оние во завршните години ќе немаат целосно заокружен процес и подлога за продолжување на високото образование или за настап на пазарот на труд, истакна Лидија Карастојанаова-Андова, претседател на замјоделскиот синдкат на РМ, која доаде дека местото на учениците е во училишните клупи, каде со помош на наставниците го стекнуваат потребното знаење за понатамошен професионален напредок.

ОД КСС потенцираат  дека доколку раководството на СОНК не се откаже од намерата за штрајк –учениците ќе останат заложници на личните и себични идеи на еден затворен круг на луѓе кои ги остваруваат сопствените амбиции.

Претставници на синдикатот од Штип, Велес и Битола денеска јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат најавениот штрајк на СОНК. Тие се согласни дека одлуката за штрајк е донесена од мала група на луѓе, за лични цели. Претходно, поддршка за штрајкот на СОНК откажаа и синдикатите од Другово и Охрид