Четврта жртва на сообраќајката кај Колари

Тешко повреден возрасен патник е четврта жртва на сообраќајката кај Колари, кичевско која се случи вчера попладне, пренесува OhridNews.com

Тој бил хоспитализиран во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а на повредите им подлегнал на пат кон Ургентниот центар во Скопје. Со тоа бројот на жртвите во несреќата се искачи на четворица. Две од починатите лица се деца.

Идентитетот на жртвите и нивната возраст официјално не се соопштуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.