Сообраќајот тековен по суви коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа по влажни коловози на повисоките планински и осојничави места, каде поради ниските температури можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.