Македонија

Сообраќајот се одвива без забрани

Сообраќајот се одвива без забрани

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Поради високите температури, АМСМ препорачува и патување во раните утрински и во вечерните часови, правење почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на  граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.