Сообраќајот од Градско до Неготино се пренасочува по стариот пат

Сообраќајот од Градско до Неготино се пренасочува по стариот пат.

Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека денес поради снимање на францускиот филм „A Fond”, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.