Крими хроника

Тешка сообраќајка во Битола – еден загина

Тешка сообраќајка во Битола – еден загина

Четириресет и шест годишниот битолчанец Благојче П. го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила во Битола, вчера попладнето.

Од полицијата информираат дека до несреќата дошло при судар на мотоцикл „јахама“ кој го управувал Благојче и автомобил „матиз“ кој го возел 22 годишниот З.В. од Битола.

Благојче со тешки повреди бил итно пренесен во клиничката болница во Битола каде околу 19:30 часот им подлегнал на повредите.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Прегазена жена на влезот од Гостивар, се бори за живот

Жената е со тешки повреди на нозете и ‘рбетот
Жената е со тешки повреди на нозете и ‘рбетот

Четириесетгодишна жена е тешко повредена во сообраќајка во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената е со тешки повреди на нозете и ‘рбетот и е пренесена на скопските клиники каде што лекарите се обидуваат да и го спасат нејзиниот живот.Според тетовската полиција, собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.