недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Сообраќајка кај Кичево: Возач и сопатник тешко повредени откако излетале од коловозот

27-годишниот Д.Ј. од Демир Хисар, управувајќи возило „Опел Фронтера“, изгубил контрола, преминал на спротивната страна и излетал од коловозот.

policija-soobrakajki

Поврзани вести

Во два часот по полноќ на регионалниот пат Р-1305 Битола-Кичево, кај селото Видрани, на местото „Воденица“, се случила сообраќајна незгода во која 27-годишниот Д.Ј. од Демир Хисар, управувајќи возило „Опел Фронтера“, изгубил контрола, преминал на спротивната страна и излетал од коловозот.

Полицијата информира дека во незгодата возачот Д.Ј. и неговиот сопатник С.Т. од селото Сопотница, се здобиле со тешки повреди и се задржани на лекување во Болницата Свети Еразмо.

Увид на лице место извршила екипа од Полицијата Кичево.

Најчитани вести