Сообраќајка кај Куманово: Повредени три лица, меѓу кои и едно дете

Три лица, од кои едното шестгодишно дете, се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа која се случи денеска во 14:30 часот, кај надвозникот „Сателит“ во Куманово помеѓу два патнички возила. Сите тројца се надвор од животна опасност, информира дежурниот хирург од кумановската болница Драган Тасевски.

– Едното лице е со рана во предел на главата, сошиена е, а има повреда и на граден кош и е задржан за понатамошно лекување во болницата. Задржано е и дете со повреда на граден кош и на левото рамо и тоа е задржано за лекување. Третата личност има повреди, контузија на граден кош, а по примената терапија, е пуштен е на домашно лекување, изјави Тасевски.

СВР Куманово по извршениот увид информира дека несреќата се случила кога патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски таблички кое го управувал 50 годишниот С.Т од Куманово движејќи се од регионалниот кон магистралниот пат, претекнувајќи возило, изгубил контрола и удрил со предниот дел во „шкода“ со беровски регистерски таблички кое пак го управувал 37 годишниот Љ.Б.,кој се движел во спротивна насока.
Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе беше во прекин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.