Сообраќајка кај „Мавровка“, мотоциклист се бори за живот

Дваесет и шестгодишен мотоциклист се бори за живот по страшна сообраќајна несреќа што се случила синоќа, два часа по полноќ, во близина на трговскиот центар „Мавровка“, во центарот на Скопје.

Според информациите на МВР, утрово околу 2 и 20 часот, на крстосницата од булеварите „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „форд фокус“ управувано од И.А.(30) од Скопје и мотоцикл „Априлија“ без регистарски таблици, управуван од Б.К.(26) од Скопје.

Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди – фрактура на јаболчница и оток на мозокот и е во животна загрозувачка состојба.

ФОТО-ТЕЛЕГРАФ