Сообраќајка кај ТЦ „Скопјанка“, повредено едно лице

Сообраќајка се случи вечерва во близина на трговскиот центар „Скопјанка“, во која е повредено најмалку едно лице.

Во несреќата учествувале патнички моторни возила „Југо“ и „Опел Корса“.

На местото е присутна екипа на Брза помош.