Сообраќајка кај Зебра – таксист прегази велосипедист

Сообраќајка кај Зебра - таксист удри во велосипедист
Сообраќајка кај Зебра - таксист удри во велосипедист

Такси возило вечерва удри во жена која возела велосипед, пред трговскиот центар „Зебра“, на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.

Жената е префрлена во Ургентниот центар. Според неофицијални информации, станува збор за полесни повреди.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.