Сообраќајка кај Жеровјане, едно лице тешко повредено

Вчера околу 07,20 часот на автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот во с.Жеровјане, случена е сообраќајна незгода во која С.А. (31) од с.Чајлане, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Соледо“ со скопски регистерски ознаки изгубил контрола над истото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Ф.Џ. (31) кој по укажаната лекарска помош во Клиничката болница-Тетово, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничката болница-Скопје.

 Се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.