Сообраќајка на автопатот Штип – Велес: Повредени пет лица, меѓу кои и две бебиња

Пет лица, меѓу кои две бебиња се повредени во сообраќајка несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Штип-Велес.

Од полицијата информираат дека 34 годишниот А.И. од Делчево управувајќи „Ауди А4“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата тешко повреден е возачот и четворицата сопатници, неговата сопруга А.И.(30), педесет годишната Д.И. и две малолетни деца, од кои момче родено 2015 година и девојче родено 2014 година.

Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во општата болница во Велес, сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.