Сообраќајка на излезот од Прилеп – едно лице загина

Женско лице чиј идентитет засега не е познат загина во сообраќајна несреќа кога попладнево се случи на излезот од Прилеп, на патот кон Битола, јавува „Курир“.

Според првичните информации до кои дошол порталот во несреќата учествувале автомобил „Пасат“ и веспа управувана од женското лице кое од добиените повреди починало на лице место.

Во тек е извршување на увид, а сообраќајот е во прекин.