Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“

Во сообрачајката учествувале два возила марка “Фолцваген поло” управувано од Ѓ.В. (26) и Њу битл кој го управувал 25 годишната С.М. Полото од силата на ударот завршило во жардињерата на средината на булеварот. Засега немаме информации дали има повредени во несреќата.

Според информациите од полицијата двајцата возачи во возило на Итна медицинска помош биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде им биле констатирани телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.