Сообраќајка на патот Гостивар – Кичево, повредени пет лица

Во тешка сообраќајна несреќа на четири возила вчера повредени биле пет лица.

На патот Гостивар –Кичево вчера околу 19 часот се судриле четири возила. Повредените лица итно биле префрлени во гостиварската болница од каде по извршените прегледи се пуштени на домашно лекување.

Судирот предизвика километарски колони и чекање повеќе од еден час.