вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 62

Сообраќајка на патот Градско-Кавадарци, две лица повредени

Во сообраќајна несреќа која се случи на патот Градско-Кавадарци утрово околу 7.20 часот две лица се повредени. Сообраќајот е во прекин во двата правци.

soobrakajka-aaa

Поврзани вести

Во сообраќајна несреќа која се случи на патот Градско-Кавадарци утрово околу 7.20 часот две лица се повредени. Сообраќајот е во прекин во двата правци.

Како што информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, кај месноста викана „Варниште“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила.

– Првичните информации се дека две лица се пренесени во Здравствен дом Кавадарци заради укажување лекарска помош. Увидот е во тек. Сообраќајот во двата правци е во прекин, соопшти Стојковска.

Најчитани вести