Сообраќајка на патот Скопје – Велес, маж се бори за живот

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Осумдесет и три годишниот Љ.С. од Скопје се бори за живот, поради повредите со кои се здобил во сообраќајната несреќа која вчера околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Скопје – Велес.

Од МВР денес информираат дека сообраќајката се случила меѓу автомобил „Опел Синтра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С. (38) од Кочани и мопед „Томос А-3“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С. (83) од скопско Ржиничино.

Во незгодата Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде се наоѓа во животна опасност.