Сообраќајка на патот Велес – Езеро Младост, три лица се повредени

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Три лица се здобија со повреди во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 15,55 часот на регионалниот пат Велес – Езеро Младост.

Како што инфомрира МВР на околу еден километар од крстосницата Отовица, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.П.(34) од Велес и автомобил „Лада Нива“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.А.(35) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од Голфот, В.О. која по укажаната лекарска помош во велешката болница, поради сериозноста на повредите е префрлена во Ургентниот Ц центар во Скопје, како и сопатниците од Ладата Д.А.(64) и Д.А.(35), кои се здобиле со телесни повреди и се задржани во велешката болница на посматрање.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.