Сообраќајка на пет возила, седум лица повредени

сообраќајка

МВР денеска соопшти дека се судриле патничко моторно возило „Мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (63) од Прилеп, патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.Н. (52) од Кавадарци, патничко моторно возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (22) од Кавадарци, патничко моторно возило  „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Н. (37) од Прилеп и патничко моторно возило „Волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (53) од Кавадарци.

По незгодата, со возила на Итна медицинска помош, во Општа болница Велес биле пренесени седум учесници во сообраќајната незгода од кои тешки телесни повреди се констатирани кај возачот Р.Р., додека на останатите им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС за БПС Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.