Во сообраќајка потешко повреден велосипедист

Во сообраќајка потешко повреден е 50-годишен велосипедист од Скопје.

Несреќата се случила во 17:50 часот на булеварот „Октомвриска револуција“, помеѓу велосипед и автомобил „Спарк“ со скопски регистарски таблички.

Повредениот велосипедист веднаш е префрлен во градската болница. Се уште не се откриваат детали за тоа како дошло до незгодата.