Крими хроника

Загина жена во сообраќајка на патот Скопје-Гевгелија

Загина жена во сообраќајка на патот Скопје-Гевгелија

Една жена загина, а четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која околу 6.30 часот утринава се случила на автопатот Скопје-Гевгелија, објави порталот „Плусинфо“.

Кај клучката Демир Капија, „цитроен берлинго“ со српски регистерки таблички изгубил контрола и излетал од мостот на автопатот.

Жената, чиј идентитет не е познат, починала на самото место, а четворицата повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, на КАРИЛ.