четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Сообраќајка во Автокоманда -нема повредени (Фото)

Според очевидци, двете возила биле видно оштетени, односно не биле во возна состојба, па морала да интервенира и влечна служба за да ги пренесе од местото на сообраќајката.

Сообраќајка во Автокоманда -нема повредени

Сообраќајка во Автокоманда -нема повредени

Последни вести

Судир меѓу две возила попладнево предизвика застој во сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“, во скопската населба Автокоманда.

Од СВР-Скопје за Телеграф.мк информираа дека сообраќајката се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки и автомобил „хјундаи акцент“ со скопска регистрација.

Според очевидци, двете возила биле видно оштетени, односно не биле во возна состојба, па морала да интервенира и влечна служба за да ги пренесе од местото на сообраќајката.

Од СВР-Скопје соопштија дека до овој момент не се пријавени повредени лица, а увидот треба да ги расветли причините за незгодата.

Најчитани вести