Сообраќајка во Прилеп: Една жена загина, маж е тешко повреден

Автомобил “опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај Сточното Пазариште во Прилеп и паднал во реката. На местото на несреќата загинала 35 годишната Ј. У.  од селото Боротино, а нејзиниот сопруг, 43 –годишниот Р. е префрлен во грдската болница во Прилеп, информираат од Основното јавно обвинителство во Прилеп кое со полицијата направи увид на местото на несреќата.

Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена за да се утврдат причините за смртта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.