Сообраќајка во штипско Чардаклија, еден тешко повреден

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила утрово во штипското село Чардаклија низ кое поминува магистралниот пат Штип-Кочани.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила кога 37 годишен возач од Демир Капија управувајќи го возилото марка „Ровер“ со неготински регистерски таблички излетал од коловозот и се превртел во канал за атмосферска вода.

 Со возило на Итната медицинска помош 37 годишниот возач е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда, односно фрактура на десната клучна коска. Повредено лице е задржано на понатамошно лекување, рече Панајотова.

Во тек е истрага за причините за сообраќајната несреќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.