Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски за Курир истакна дека во несреќата учествувале камион ДАФ со бугарски национални ознаки и камион МАН со српски таблички. За среќа во сообраќајката нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета.
Јосифоски додава дека полицискиот увид е во тек, а бидејќи коловозот е зафатен од камионите сообраќајот е целосно во прекин.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.