Сообраќајна несреќа во Ново Лисиче: Момче заглавено во автомобил

Три возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случила рано утринава околу 4 часот по полноќ во близина на паркот „Аеродром“ на булевар АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче.

Според првичните информации, едно момче било заглавено во автомобил кој чадел, но набрзо пристигнало возило на брза помош и момчето е итно пренесено во болница.

Видео: БРИФ.МК